Доколку сакате на природен начин да се ослободите од вишокот на килограми и зголемениот крвен притисок, испробајте го рецептот на рускиот диетолог др Елена Иванова.
Ситно исецкајте зелени листови од морков и цвекло, сварете ги во малку вода, исцедете ги и измиксајте ги. Смесата ставете ја во тањир за салата, додадете ситно исецкан магдонос и малку зачнини. Изрендајте едно чешне лук и ставете две до три ореви. Се добро измешајте и зачинете со маслиново масло и сок од лимон.
Слатата јадете ја заедно со ручекот, најмалку еден месец. Салатата го елиминира вишокот на вода во организмот, го поттикнува слабеењето и го подобрува метаболизмот.