Мода

Русокоса и паметна? Мит или вистина?

За време на 60-те и 70-те години, Џеки Кенеди беше претставена за идеал на убавина. За време на 80-те и 90-те плавушите повторно владееле. Неодамна се појави митот за неинтелигентни плавуши

Современиот човек еволуирал во Африка. После миграцијата во Европа, пред околу 35.000 години, доминантна боја на коса била темната боја, велат научниците. Потоа, пред околу 10 или 15 илјади години, кај луѓето на север и исток се случиле промени на генот MC1R кој е одговорен за бојата на коса, кој како последица се појавиле варијациите во нијанси од смеѓи до плави.

Бидејќи жените станале побројни од мажите, поголеми шанси да привлечат маж имале оние кои по нешто се издвојувале од останатите. Плавооките жени и плавите привлекувале погледи и биле поинтересни и поатрактивни од темнокосите.

Мажите не биле изложени под тој притисок, што по Фрост го објаснува фактот дека и денес се раѓаат повеќе девојки отколку момчиња со плава коса, како и тоа дека кај девојката косата побавно станува темна отколку кај мажите.

Теоријата на Фрост се потврдува со продажбата на фарба за коса во светли нијанси во земјите како на пример Латинска Америка, во кои доминира темната коса, додека во Шведска, кадешто поголемиот дел од популацијата е светлокоса, подобро се продаваат фарбите со потемни тонови.

Теоријата дека мажите повеќе сакаат плавуши неодамна беше проверена и од истражувачите од Универзитетот во Вестминстер. Тие извеле експеримент за да проверат колку бојата на коса влијае врз привлечноста на жената. Истата жена отишла во три барови во Лондон, со плава, црна и црвена коса. Секој пат кога ќе и пријдел маж, таа му велела да ја оцени нејзината привлечност и интелигенција.

Според резултатите од истражувањето, најмногу мажи се додворувале на плавата (60), после неа на бринетата (42) и најмалку на црвенокосата (18). Но кога се запрашани кои од нив трите по нивно мислење е најатрактивна и најинтелигентна, мажите без двоумење одговарале дека е бринетата.

Write A Comment