Дестинации

Saint Тropez – Перфекција која блеска во сиот свој сјај…

Се зборува дека никаде нема толку „ ѕвезди “ на метар квадратен, како во Saint tropez…

Saint tropez има свој моден стил – сé е блескаво и скапо и сé има премногу… баш онака како  што е крстен, со името кое го има добиено од францускиот збор trop (премногу).

Постои нешто магично на Азурниот брег. Нанижаните, некогашни рибарски населби, како бисерен ѓердан се спуштаат меко кон морето, одвојувајќи се од ридот од кој погледот се фокусира во бескрајното синило. Мекиот склад на бои, кој од бела, преку кафеава и портокалова, се претвора во бескрајно уредени зелени површини и мали, живи улици. Едноставно, ве примамува и Вие да бидете дел од него !!!

„Saint tropez е едно од убавите и едноставни морски гратчиња, втиснато во морето, како школка, хранета со риби и морски воздух“- пишува Ги Де Мопасан во 1887 година. Денес, од тоа место е останато прекрасното езеро, во кое и понатаму мирисаат baget  и свежо уловените риби.

Колони на Ферари и Порше, брендирани очила за сонце, Ролекси, јахти кои се истакнуваат со големината, се декори кои го прават едно од лицата на Saint tropez…

Останатото, навистина мора да се доживее…

Напиши коментар