Motherhood

“Сакам да и се оддложам бидејќи ми подари живот”: Неверојатно несебично дело на една ќерка…

Вообичаено е да се чуе како мајката би го дала својот живот за своето дете. Меѓутоа, децата се ретко така несебични и не возвраќаат со иста мерка. Но ова е приказна за една мајка која и го спаси животот на својата мајка.

21-годишната девојка и го спасила животот на својата мајка така што и донирала бубрег. Мелиса Хучинсон од Волсол, Британија, пред неколку години замина под нож со цел да и помогне на својата мјка Менди.

Имено, Менди Хачинсон (49) боледувала од затајување на бубрегот повеќе од една година откако нејзиниот имунолошки систем ги нападнал бубрезите. Откако сватила дека нејзината мајка станува зависна од дијализа, ќерката се јавила доброволнио да и помогне. Таа рекла дека сака да и возврати на својата мајка бидејќи таа и подарила живот.

Веднаш се пријавив. Не можев да ја гледам мајка ми како се мачи. Беше навистина застрашувачки, но кога се разбудив сватив дека сум спасила живот. И тоа животот на мојата мајка.

Се опоравувам многу добро, а исто и мојата мјка. Болеста на мојата мајка ми го промени животот засекогаш. Бев типична 21-годишна девојка која сакаше да излегува и да се забавува, но сега ми е драго што го поминувам времето со мојата мајка.

Менди боледува од ретка болест на имунолошкиот систем, а се претпоставува дека настанала по породувањето. Оваа состојба настанува така што некои од ќелиите на бебето остануваат во мајаката и го напаѓаат нејзиното тело.

“Многу се гордеам со Мелиса, неверојатно е што се таа би сторила за својата мајка – вели таткото на Мелиса.

Кога се видовме прв пат по операцијата двете плачевме, беше многу емотивно. Но повторно би сторила се за мојата мајка.

 

Write A Comment