Здраво тело

Сакаме ли здраво срце? Ова се совети кои ќе ве оддржат во форма

Сакаме ли да го зачуваме здравјето на кардиоваскуларниот систем, следните намирници треба често да бидат дел од вашето мени:

1. Бобинки: Сите видови на бобинки кои содржат антиоксиданси  помагаат во превенцијата на рак и кардиоваскуларни болести.

2. Риба: Одлична е за здравјето во најширока смисла, а посебно за срцето и мозокот.

3. Домат: Одличен е во секаков облик, а содржи ликопен, кој пак го намалува ризикот од срцев удар, рак на простата и други видови карцином.

4. Млечните производи од немасно млеко: Одличен извор на калциум и витамин Д, а тоа значи и превенција од остеопороза, висок крвен притисок, мозочен удар и рак на дебело срцево.

5. Зелен чај: Изобилува со корисни фитохемикалии, кои штитат од некои видови рак, висок притисок и срцеви болести.

6. Јаткасти производи: Ореви, бадеми и слични плодови, според повеќе истражувања го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, благодарение на големата количина на omega-3 киселините.

7. Зеленчук со зелени лисја: Брокулата, карфиолот, зелката, кељот, блитвата и спанаќот исто така содржат фитохемикалии кои штитат од дијабетес, кардиоваскуларни болести и некои облици рак.

Write A Comment