Убавина

Сакате рамно стомаче? Еве го лекот!

Иако консумирањето на овошје е еден од најдобрите начини да се избегне натрупувањето на вишок килограми, не смееме да заборавиме на моќта на зеленчукот. Во текот на студената сезона почастете се со вкусни салати од избран зеленчук и гледајте како маснотиите се топат.

Понекогаш дури и со здрава, урамнотежена исхрана и редовна физичка активност се чини дека мастите решиле да си останат на своето место. Затоа помеѓу оброците, „грицкајте“ зеленчук, бидејќи тој е преполн со антиоксиданси кои му помагаат на телото да се ослободи од сите отрови и штетни материи кои се насобрале во телото. Покрај тоа, одредени видови зеленчук имаат моќ да ги растопат акумулираните масти во телото.

Еве некои од најделотворните комбинации…

Брокула и карфиол

Овој вид на зеленчук нема калории и е полн со антиоксиданси и растителни влакна. Нутриционистите велат дека тајната за губење на вишокот килограми е во зголеменото на внесување на растителни влакна во организмот. Затоа, ако со нетрпение сакате да се ослободите од маснотиите на стомакот и познатите „љубовни перничиња“, секојдневно уживајте во белиот и зелениот зеленчук. Покрај тоа, брокулата и карфиолот ќе ја успорат работата на вашиот дигестивен систем што ќе добиете чувство на ситост и минимизирање на желбата за храна.

Лути пиперки

Ако патите од спор метаболизам, време е да ги забрзате работите. Лутите пиперки ја содржат „магичната состојка“ капсицин која придонесува за забрзување на работата на срцето, а со тоа се забрзува метаболизмот и се поттикнува губењето на килограмите. Всушност и останатите видови на лут зеленчук се одлични за топење на калориите и мастите, па затоа пуштете ја фантазијата и искомбинирајте ги лутите пиперчиња во разни оброци.

Морков

Морковите со богати со каротин, кој всушност е состојка која го чисти организмот од насобраните токсини кои често предизвикуваат надуеност на стомакот. А токму овие токсини се причината за формирање на масните наслаги околу стомакот. Посакуваната витка линија и здрав метаболизам можете да ја остварите со помош на овој зеленчук, а кој можете да го консумирате во вид на вкусни салати или сокови.

Лук

Нутриционистите откриле дека лукот е еден од најдобрите природни диуретици и е совршен борец против насобраните токсини и масти во телото. Природните состојки на лукот ги топат масните наслаги и спречуваат нивно повторно создавање во пределот на стомакот.

Ротквица

Овој неверојатен зеленчук има високо ниво на железо и магнезиум. И благодарение на овие состојки, ротквицата ќе ја исчисти слузницата на желудникот, ќе ја подобри функцијата на дигестивниот систем и ќе ви помогне да ги изгубите несаканите килограми.

1 Коментар

Напиши коментар