Потребни состојки:
- 400гр брокула
- 100гр испржена и исецкана сланина
- 1 јаболко
- ½ чаша суво грозје
- ½ чаша рендано сирење
- ½ исецкан кромид
Сос:
- 250мл мајонез
- 2 мали лажички оцет
- 1 лажичка шеќер
- ½ мала лажичка сусам
- ¼ мала чажичка сол и бибер
Начин на подготовка:
Во мала чинија и споете ги и во голема чинија измешајте ги состојките за салата. Оставете ги во фрижидер до употреба. Во голем сад измешајте исецкана брокула, сланина, јаболко, суво грозје, сирење и кромид. Додадете сос за салата и добро помешајте. Чувајте во фрижидер еден час пред сервирање.