Salvatore Ferragamo ја претстави новата разнобојна кампања за мажи и жени, колекција пролет/лето 2014…
Кампањата на овој бренд од Фиренца е снимана од страна на модните легенди Mert Alas и Marcus Piggott.
Креативниот директор на брендот, Massimiliano Giornetti ги избра канадскиот модел Daria Werbowy и американскиот фото модел Sean O`Pry како заштитни лица за претстојната сезона.
Оваа атрактивна двојка е фотографирана на попладневна светлина, под калифорниското сонце, а на сликите гледаме игра на светли бои и геометриски форми, инспирирани од работата на мексиканскиот архитект Miguel Angel Aragonés.