Убавина

Сами подгответе еликсир од камилица и имајте совршена кожа

Лековита билка со совршен нежен мирис… камилицата може да ви биде најголем сојузник во борбата со штетните сончеви зраци, и останати надворешни влијаниа, стареењето и разните кожни реакции. Подгответе домашен екстракт од камилица. Во 2дл маслиново масло ставете 10 до 15 гр суви цветови од камилица и оставете го садот затворен да отстои три недели. Процедете и мачкајте го лицето, рацете и останатите суви делови од телото.

Може да си подготвите и одлична купка со камилица. По неа кожата ќе биде мека, еластична и сјајна. Направете силен чај од камилица и додадете го во топлата купка.

Write A Comment