Чајот од прегради од орев делува против блокада на коронарните артерии, срцеви заболувања и температура. Стеснувањето на срцевите артерии често е одраз на хронично труење со никотин.
Одличен лек кој посебно им се препорачува на пушачите, се наоѓа во обичен орев, односно во преградите помеѓу јадрото.
Од овие прегради подгответе чај. Навечер натопете четири до пет прегради, па следното утро сварете ги како чај. Испијте го на празен желудник. Најдобро би било кога не би престанале со конзумирање на овој чај, бидејќи допринесува за регулирање на крвниот притисок и ја олеснува болката во градите.
Чајот од прегради од орев успешно делува и против температура која е поврзана со срцеви заболувања.