Заради брзиот начин на живот и неправилната исхрана, многу луѓе имаат проблеми со зголемен холестерол во крвта. Со цел да го нормализирате, пробајте со овој природен лек.
Потребни состојки:
* 1кг лимони
* 5-6 врски магдонос
* 3л вода
* 1 пакетче сода бикарбона
Постапка:
Лимоните измијте ги со ладна вода па потопете ги во врела вода и додадете 1 пакетче сода бикарбона.
Оставете да отстои околу еден час.
Магдоносот заедно со стебленцата исечете го ситно.
Лимоните задено со кората исто така исечете ги ситно.
Така исечениот магдонос и лимон ставете ги во сад и додадете 3 литри вода.
Варете на тивок оган додека не добиете околу 1,5 литри сируп (2-3 часа). Сирупот можете да го исцедите.
Се пие секое утро на празен стомак, а мерката е една полна чаша за ликер.
Мерката е доволна за 15 дена, ако се пие секое утро.
