Мојата кујна

Само за 3 минути: Направете вкусни чоколадни мафини

Кога неочекувано ќе ви дојдат гости и немате време да одите во продавница, одвоете само 3 минути и направете го овој навистина вкусен десерт…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 јајце

* 4 рамни лажици брашно

* 3 лажици шеќер

* 3 лажици масло

* 3 лажици млеко

* 1 лажица какао

* ½ лажиче пециво

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте ги сите овие состојки со лажица и поделете ги во четири чаши за кафе. По желба можете да додадете и по 3 коцки чоколадо. Ставете ги во микробранова и вклучете на 3 минути на јака температура.

Пријатно!

 

Напиши коментар