ШоуБиз

Сара Џесика Паркер во најчудното интервју до сега (Видео)

Ѕвездата од серијата “Сексот и градот” Сара Џесика Паркер ја отвори вратата на својот дом за едно списание за кое даде многу чудни и интересни интервју.

Всушност, Сара во својот прекрасен дом во Њујорк беше домаќин на новинарот од познатото списание и одговараше на брзи прашања кои се нижеа едно по друго, дури и додека зборуваше по телефон.

Интересно е тоа што цело време имаме чувство како да ја гледаме Кери Бредшо имајќи во предвид дека однесувањето на симпатичната актерка и приватно потсетува на хероината чиј лик го тумачеше.

Така Сара во ова интервју под притисок откри дека сака Кока Кола, од Твитер повеќе го преферира Инстаграм, дека омилениот период од годината и е есента и дека нејзината омилена земја е Грција.

Погледнете гом ова повеќе од интересно интервју во кое за 5 минути одговори на 73 прашања.

Напиши коментар