Prison brake

Се фотографирал од 1987 година (видео)

Уметниците мораат да бидат опседнати со некоја работа за да ја завршат. Нешто што мора да ве води од внатре и да го следите до крајот на животот. Ова е коментарот што го дал уметникот Карл Бејден за својата работа.

Уметникот Карл Бејден од Бостон (САД), почнал да го фотографира своето лице на 23 Февруари 1987 година и од тогаш го прави тоа секое утро. Сега има 61 година и има 9534 фотографии од кои употребил 2500 за да ја документира забрзаната снимка, минифилм посветен на процесот на стареење.

До идејата дошол како студент во 1975 година, а делото почнал да го спроведува во својата 35 година и планира да продолжи со сликање до крајот на животот во рамката за долгогодишното проучување на улогата на смртноста во човековиот живот.

Погледнете:

 

Напиши коментар