Јајцата се честа состојка во многу рецепти. Полни се со многу хранливи материи (витамини, протеини, масти) и даваат големи количества енергија. Големата нутритивна вредност на јајцето е логична со оглед на тоа што оплоденото јајце треба да овозможи се што му е потребно за развој на малото пиле. Јајцето содржи околу шест грама протеини и други важни хранливи состојки, но и 212 милиграми холестерол. Со оглед на тоа што се препорачува консумација на на 300 милиграми холестерол дневно, високата содржина на оваа состојка би спречило многу луѓе да јадат јајца.
Но, треба да се истакне дека по едно јајце дневно нема драстично да ја зголеми содржината на холестерол во крвта и да ги зголеми нивоата на маснотии. Тоа е навистина добра вест, ако се знае дека јајцето содржи многу други важни хранливи материи како холин (есенцијален за добар вид), селен (неопходен за силен имунитет), витамин А (го поттикнува растот на клетките), витамин Е (антиоксиданс) и лутеин (кој го подобрува видот).
Протеините во јајцето главно се содржарт во белката, додека жолчаката ги содржи витамините А, Д и Е, масти и холестерол.
Јајцата што ние најчесто ги јадеме не се оплодени.
