Motherhood

Седум одлични совети ако сакате побрзо да забремените

Спремни сте да засновате смејство и не сакате да чекате? Постојат некои работи кои треба да ги направите за да ги зголемите шансите за бременсот.

Ова се седум совети кои и гинеколозите ги даваат:

Преглед – Пред да започнете да работите на случајот најдобро е да отидете на гинеколог. Тој ќе види дали е се во ред со вашето здравје, а и ќе ве посоветува кои витамини треба да ги зимате доколку сакате да имате бебе. Фолната киселина е неопходна во првите месеци заради правилниот зачеток и развој на бебето.

Следете го циклусот – За да останете бремена морате да го разбирате вашиот циклус. Овулацијата е најдобро време за да се случи она што најмногу го посакувате. Симптомите за овулација се: водест и слузав секрет, блага надуеност, а понекогаш и тапа болка. Како да ја предвидите овулацијата? Првиот ден од менструацијата е првиот ден од циклусот. Доколку имате односи од 9 до 14 ден шансите да останете бремена се големи.

Позата не е важна – постојат бројни митови според кои позата е одлучувачка за да дојде до бременост. Но, не постојат научни докази кои го потврдуваат тоа. Сепак сите се сложуваат дека не треба да и се спротистивставувате на гравитацијата. Па најдобро е кога жената лежи и мажот длабоко пенетрира во неа.

Мирувајте десет минути – веројатно сте слушнале до сега за ова. После сексот треба да лежите  барем 10 минути. Ако почекате спермата ќе остане во грлото на матката.

Не претерувајте – колку почесто имате секс, толку квалитетот на спермата се намалува, поточно бројот на спрематозоидите. Затоа не практикувајте секој ден секс ако сакате да забремените.

Ослободете се од стресот – Стресот е главен непријател за големиот проблем “неплодност”. Многу жени не може да забременат токму поради стресната ситуација и притисок под кој се наоѓаат. Стресот исто така влијае и на мажот, ги има истите ефекти и врз него.

Здрав живот – Вежбањето и здравата храна се добри за здравјето. Но, кога сакате да забремените вежбањето нека биде застапено но не премногу. Тоа може понекогаш да ја поремети овулацијата.

Напиши коментар