Мојата кујна

Секој може да го направи: Стар и најдобар рецепт за брз колач со јаболка

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 3 јајца

* 12 лажици шеќер

* 12 лажици масло

* 12 лажици млеко

* 15 лажици брашно

* 1 пециво

*1/2кг јаболка

* шеќер во прав за попрскување

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Направете смеса од јајца, шеќер, брашно, масло, млеко и пециво. Јаболката изрендајте ги и по желба додадете цимет. Половина од смесата ставете во калап и ставетe ја да се пече 15 минути на 180 степени. Откако ќе се испече извадете ја од рерна и врз неа додадете ги ренданите јаболка, а врз јаболката останатиот дел од смесата и вратете ја во рерна уште 10 минути. Печениот колач попрскајте го со шеќер во прав.

1 Comment

Reply To mane Cancel Reply