Убавина

Секси нозе, главен адут за оваа пролет

Со доаѓањето на сонцето, временските услови наложуваат да се носи што помалку гардероба. Пролетта е време кога најдобро можете да ги истакнете убавите нозе. Со малку труд вашите нозе ќе станат секси и ќе мамат погледи.

Вежбање – секси нозе се цврсти нозе. Тој изглед може да се добие само со вежбање. Трчање, возење ролерки, возење велиспед или слични физички активности треба да практикувате барем три пати неделно.

Депилација – депилацијата со восокм можеби не е најпријатна, но сепак е најдолго трајна. Затоа вашите нозе ќе бидат меки и нежни.

Пилинг – еднаш неделно правете пилинг на вашите нозе.

Хидратација – по туширањето секогаш нанесувајте млеко или лосион кое добро ќе го втриете во кожата. Можете да одберете и лосион со светки за блескав изглед.

Write A Comment