Motherhood

Семејниот живот започнува 3 години по стапувањето во брак

Вистинскиот семеен живот започнува три години и шест месеци по брачната церемонија, покажува новото британско истражување. Анкетата на повеќе од 2.000 брачни парови покажува дека сопружниците почнуваат да ја чувствуваат реално ситуацијата без да го идеализираат партнерот три години откако рекле “да”.

По овој период многу од паровите се разочарани од својот избор, преферираат да спијат во друга соба и веќе не ја доживуваат меѓусебната љубов како првиот ден. По три и пол години сопружниците веќе се легнуваат во различно време, престануваат да се гушкаат и дури да вечераат заедно.

Лошите навики го достигнуваат врвот. Жените се поретко одат на депилација а мажите дури и не ја затвораат вратата од тоалетот. Многу поверојтано е сопружниците да ја заборават четвртата годишнина од свадбата, Свети Валентин или дури роденденот на партнерот.

Write A Comment