Серена Вилијамс ја освои седмата титулата во кариерата на турнирот во Мајами, откако во финалето за два часа игра ја совлада Ли На со 2:0 (7:5, 6:1). Вилијамс до титулата стигна иако имаше само 42 отсто реализација на првиот сервис, а во мечот имаше 29 директни поени и исто толку неизнудени грешки.
Ли имаше свои шанси, но не успеа да ги искористи, бидејќи во првиот сет водеше со 5:2, два пати сервираше за освојување на сетот, но Серена секогаш го имаше вистинскиот одговор. Ли забележа 16 директни поени и дури 37 неизнудени грешки.
Серена Вилијамс и На Ли, во Мајами го одиграа својот 12-ти меч, а Американката која ја освои 59-та титула во кариерата ја забележа 11-та победа.
