„Алиментацијата е премала, ќе се жалам. Тоа не се малку пари и да неможат да ги задоволат потребите на детето, туку се работи дека таткото и детето мора да ја делат истата финансиска судбина.“ – рече адвокатката на пеачката.
По неколку месечната парница за старателството на синот Александар, судот во Загреб донесе одлука детето да и припадне на Северина, додека Милан Поповиќ ќе може да го гледа два пати месечно со алиментација од 2 илјади евра.
Хрватската пеачка не се појави на читањето на одлуката, туку само нејзината адвокатка. Додека Милан Поповиќ и неговиот адвокат мирно го пиеле кафето, на прашањето каква ќе биде одлуката на судот, Милан одговорил дека каква и да е ќе биде во корист на неговиот син.

