Интензивно размислувате веќе неколку дена за вашата венчаница. Постојат толку многу модели, па се прашувате како да ја најдете вашата која совршено ќе ви прилега. Се прашувате како ќе изгледате во неа, дали целосно ќе ви го отсликува вашиот карактер. Во глава и понатаму ви се вртат толку многу прашања, па не знаете од каде да започнете. Сакате нешто преубаво, модерно, уникатно, прекрасно, шармантно, атрактивно и интересно. Сето тоа ве тера се повеќе и повеќе да се обидувате да го најдете совршениот фустан. Сакате спој на раскошност и практичност, мистичност и отвореност, нешто што едноставно ќе го остави вашиот сакан без здив. Eве неколку предлози за вас:












