ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 пакувања кекси ( petit beurre полнети со чоколадо)
* 4 пакетчиња пудинг од карамела
* 1 маргарин
* 10 лажици шеќер
* 500гр шлаг крем
* 2л млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете ги пудинзите од карамела во 1 литар млеко со 10 лажици шеќер. Почекајте додека се излади.
Отакако ќе се изладат , изматете го маргаринот, и споете го со пудингот. Добро изматете со миксер да добиете убава кремасата смеса.
Изматете го шлагот со 1 литар млеко, Потребно ви е 500гр шлаг крем.
Подгответе го кексот. Наредете го во послужавник. Врз него намачкајте од филот со карамел, а врз филот ставете шлаг. Потоа повторно кекс, па фил и на крајот шлаг. Повторувајте го тоа се додека не го потрошите материјалот.
