Синот на Шер овој викенд се оженил со Marieangel King, единаесет години помлада девојка, но среќниот ден го засенил отсуството на неговата мајка. Имено, Шер, не ја одобрува наговата сопруга и јасно му ставила на знаење дека нема да добие ниту еден благослов.
– Одсекогаш сум бил црна овца во семејството, мајка ми знае дека се оженив, како што тоа го знае и целото семејство. Нејзината мајка, мојата баба ми честиташе, како и целата страна од семејството на татко ми, но родената мајка не – изјавил Елијах кој смета дека неговата мајка има многу високи критериуми кон него и неговиот брат.
– Неговиот брат е роден како девојче, но одлучил да го промени полот, а со него во тој мачен период на трансформација, секогаш била неговата мајка. Па затоа сега Елијах се прашува зошто таа не можела и нему да му помогне да биде среќен и да ја прифати жената која тој ја сака.
