Motherhood

Шест вистини кои морате да ги знаете доколку (не) сакате да забремените

Се одлучивте за дете или веќе некое време работите на тоа? Ги слушате советите на вашите пријателки и сами активно барате податоци како да забремените? Многу информации можат дополнително да ве збунат. Некои од податоците се митови за кои воопшто и не размислуваме, но кои се сепак присутни и можат да ја збунат секоја жена која сака да забремени.

Тим од експерти од водечкиот британски бренд за бременост и плодност Clearblue носи научно базирани истражувања на оваа тема.

  1. МИТ: Може да се забремени во било кој период во текот на месечниот циклус

ВИСТИНА: За да можете да забремените потребно е да имате интимни односи пред и за време на овулација. Најплодни денови се два до три дена пред и на самиот ден на овулација.

  1. МИТ: Менструалниот циклус трае 28 дена и секоја жена има овулација 14-от ден од циклусот

ВИСТИНА: Просечниот менструален циклус трае 28 дена, но секоја жена е различна и дури кај половина од нив варира седум дена или повеќе.  Земајќи го предвид ова, може и потешко да се одредат плодните денови.

  1. МИТ: Со мерење на телесната температура можете лесно да забремените

ВИСТИНА: Доколку сакате да забремените, не е препорачливо да ја мерите вашата телесна температура. Таа се покачува по овулација, кога веќе е доцна за оплодување, во текот на истиот менструален циклус.

  1. МИТ: Никогаш не сум користела хормонална метода на контрацепција, па затоа би можела лесно да забременам

ВИСТИНА: Само затоа што не сте користеле ваков тип на контрацепција не значи дека сте во предност.  Вашето тело можеби може подобро да ги регулира хормоните, но на плодноста влијаат и други фактори, а не само ова.

  1. МИТ: Лесно забременив со првото дете, така што за следната, не би требало да има проблем

ВИСТИНА: Не постои доказ за ова тврдење. Ќе бидете постари, можеби ќе имате помалку време, па дури и друг партнер. Доколку имате помалку од 35 години и се трудите да забремените повеќе од една година, поразговарајте со вашиот доктор (6 месеци доколку имате над 35 години)

  1. МИТ: Можете да забремените кога имате менструација

ВИСТИНА: Доколку имате краток менструален циклус и пообилен одлив на почетокот, можно е да бидете навлезени во плодните денови пред да заврши истиот.

Експертите исто така укажуваат дека е нормално интимните односи во периодот кога сакате навистина да забремените да бидат повеќе механички. Ова чувство се јавува кај многу парови, што не значи дека нешто не е во ред со нивниот однос.

Напиши коментар