Убавина

Шминка која мажите не ја поднесуваат

Црвениот руж на мажите им делува неприродно, популарните “задимени“ очи нив им изгледа како да сакате да личите на панда, а со јаки сенки во боја, мислат дека потсеќате на канаринец.

Шминката постои за да ве разубави.  Таа би требало да ја нагласи вашата убавина, а не да создаде потполно ново лице. Повеќето од жените не се контролираат кога е шминкањето во прашање, па често претеруваат со нанесување шминка.  Погледнете што е тоа што би требало да го избегнувате кога е секојдневна шминка во прашање:

  • Пренагласени образи – Со многу руменило, ќе изгледате како кловнови.
  • Црвен руж- Како прво, не изгледа природно, а друго мажите не го сакаат затоа што девојките тогаш не се бакнуваат!
  • Сенка за очи – Шарените сенки за очи се стварно премногу. Девојката изгледа како канаринец.
  • Неправилен хаос – Пренашминканото лице се разликува од вратот. Ваков изглед мажите не поднесуваат.
  • Очи како на панда  – Поголем број мажи се изјаснија дека не сакаат црно моливче околу очите затоа што им дава неприроден изглед. Ако на тоа додадеме црна сенка за очи, тогаш сигурмо личите на панда.

Напиши коментар