Правилниот избор на сенка треба да ги нагласи очите. Ако имате сини очи, тие природно се истакнати. Но ако сакате дополнително да ги истакнете, шминката ќе ви помогне.
Најдобро е да изберете три нијанси од иста боја. Најсветлата нијанса под веѓите, најтемната на работ од капакот, а средната нијанса на предниот дел од капакот и на линијата кај трепките.
Иако сината боја не е забранета, препорачливо е да бидете креативни. Виолетовите и нијансите на боја на праска се одличен избор. Нијансата на боја на праска одлично ќе им стои на оние со посветол тен. Бакарните и коралните нијанси се исто така добар избор, а нема да погрешите ниту ако се одлучите за смеѓо црвени нијанси.
