Убавина

Шминка за утрото по непреспиената ноќ

На секој од нас му се случило да помине непреспиена ноќ од најразлични причини. Неспиењето освен што лошо се одразува на здравјето, исто така се одразува и на физичкиот изглед.

Уморот најпрво се забележува на нашето лице. Затоа потребно е да знаете неколку трикови и начин на шминка која ќе успее да го прекрие тоа.

Најпрво во замрзнувачот ставете две тркалва краставица. Потоа измијте се со ладна вода, така ќе ја забрзате циркулацијата. Потоа направете пилинг за да ги тргнете мртвите клетки кои прават кожата да изгледа уште полошо. Ставете ја кремата и ставете ги краставиците на очите. Ако имате време сварете чај од камилица и ставете облоги на очите. Со краставицата и камилицата ќе исчезнат црвенилото и темните подочници.

Што се однесува на шминката, доколку имате црвенило на очите тогаш најдобро нашминкајте се со златни, и светло кафени тонови на сенки, тие најдобро неутрализираат.

За да ги прекриете темните подочници не ставајте коректор и пудра во дебел слој, тоа уште повеќе ќе го истакне лошиот изглед. Ставете светло кафена сенка под очите, на долниот дел од трепките.

Ставете руменило со светла розова или светло кафена боја, темните нијанси заборавете ги.

На крајот ставете кармин со светла боја.

Напиши коментар