Дали сте подготвени за долго и топло лето? Какви се вашите модни комбинации за на плажа? Плажата не мора да биде резервирана само за костим за капење и пешкир. Со неколку парчиња гардероба на себе можете да изгледате феноменално и примамливо. Ова лето неизоставни се туниките, како и кратките (но и долгите) фустани. Бои? Сите се дозволени, но бидете во стил на летото. Шарено, бело и живи бои. Исто така, стевете и шешир – тој е самиот по себе доволен моден додаток.
Еве ги нашите предлози, се надеваме дека во нив ќе пронајдете инспирација!






























