Здраво тело

Што делува најдобро против непријатниот мирис

Дерматолозите сметаат дека антибактериските сапуни и купки се добри за отстранување на непријатниот мирис, но дека не треба да се претерува, бидејќи честото миење со такви средства на деловите од телото кои имаат најинтензивен мирис, може да ја исуши кожата што доведува до зголемено потење.

Експертите укажуваат на тоа дека против потта најдобро делува антиперспирант во форма на стик, бидејќи делумно влијае на потните жлезди да не произведуваат пот, додека останатите дезодоранси само го маскираат непријатниот мирис.

Освен поради топлината, лицето може да се поти и од други причини, на што влијае работата на две потни жлезди – екрин и апокрин.

Екрин се поткожни жлезди и се наоѓаат по целото тело, произведуваат водеста пот за да ја одржат температурата на телото и да го разладат, додека апокрините жлезди се наоѓаат кај фоликулите на влакната, а тоа се местата како главата, пазуви и препони.

Потта која ја излачуваат апокрините жлезди не е одговорна за непријатниот мирис, туку бактеријата која ја привлекува тој вид на пот. Инаку, експертите укажуваат дека на миризбата на потта, помеѓу другото, влијае и храната која се јаде, а стресот кој предизвикува зајакнато потењт е еден од најнепријатните миризби.

Write A Comment