Мрсната и чувствителна кожа на лицето и запушените пори, претставуваат вистински прдуслов за формирање на акни. Со цел да ги спречите новите акни, или да ги отстраните оние што веќе се појавиле, применете ги следните совети:
Еднаш во неделата правете пилинг третман. За тоа можат да ви послужат некои хемијски произведени креми, или природно подготвена смеса за пилинг.
За да добиете природна смеса за пилинг, потребно е неколку лажичиња пченкарно брашно да измешате во топла вода. Така подготвената густа маса втривајте ја со кружни движења на лицето и измијте го со топла вода. Вашите пори ќе бидат длабинкси исчистени од природните маснотии а кожата ќе може здраво да дише, потхранете со витамин Б од пченкарното брашно.
Сварете чај од жалфија и почекајте да се излади. Така изладениот чај нанесете го на памук и со него исчистете го лицето, особено површината на акните, секоја вечер пред спиење.
Доколку кожата и понатака е мрсна а акните видливи, упорни, нанесете на нив слој детска пудра во прав, која сигурно ќе ги исуши.
Не применувајте агресивен метод на стискање на акните, бидејќи секоја такава интервенција, може да остави трајни лузни на вашето лице.
