Американските нутриционисти направиле список со намирници кои можат да се наречат “суперхрана”.
Тоа е храна која го намалува холестеролот, го намалува ризикот од кардиоваскуларни потешкотии и рак, па дури во некои случаи го подобрува и расположението.
Избирањето на овие намирници во креирањето на оброкот го олеснува одржувањето на добрата линија и оптималното здравје.
Еве го списокот на намирници за кои се смета дека се суперхрана:
*грав
*боровници
*броколи,спанаќ
*овес, соја
*портокали
*тиква (и семките)
*лосос, сардини
*чај (зелен и црн)
*компир
*месо од ќурка
*јогурт (со пробиотици)
Секако дека здравата исхрана подразбира широк спектар на намирници и исправно креирање на поединечни оброци, но и вака краткиот увид може да ви овозможи здрав пристап во исхраната.
