Motherhood

Што ги прави децата среќни?

Научниците и психолозите тврдат дека кога родителите се среќни, расположени и задоволни, кога се смеат и кога добро се сложуваат, околу себе шират позитивна енергија која влијае на нивните деца. Во таквото семејство, кое слободно можеме да го наречеме хармонично семејство, детето се чувствува заштитено, па со самото тоа таквото дете се развива во задоволна, среќна и здрава личност.

Секогаш трудете се да бидете искрени родители. Доколку поради било која причина сте нерасположени, лути или бесни, немојте пред детето да глумите расположение. Секогаш постои начин да му објасните дека не сте расположени бидејќи ви се случило нешто лошо, но дека секако тоа нема врска со него. Не заборавајте да му нагласите дека сето тоа брзо ке помине, и дека кога ќе го решите својот проблем повторно ќе си играте и ќе се смеете заедно со него. На тој начин детето полека се учи дека животот има и своја друга страна, лоша и негативна, но исто така учи и дека секој проблем може да се реши, што е и вистина.

Бидете секогаш родители со многу разбирање. Секое дете има свои моменти кога е луто и кога се буни. Тоа обично се случува во нивната развојна фаза, кога на приме ќе се скараат со својот надобар пријател или пријателка. Едноставно тоа се случува кога вашето дете почнува да контактира со други деца, кога ќе стане жртва на некоја неправда. Кога вашето дете ќе ви го каже својот проблем, внимателно слушате го и на крајот заедно решете го.

Значи, трудете се баш Вие, родителите, добро да се сложувате, да бидете позитивни, вашиот дом да биде полн со смеа и радост а со самото тоа и вашето дете ќе го направите среќно.

Напиши коментар