За многу луѓе дури и изрекувањето на зборовите “ушна маст” предизвикува аверзија и одвратност. Но, вистината е дека тие не размислуваат дека овој кожен секрет се грижи за едно од највредните сетила. Што не знаете за ушната маст?
Ушната маст се нарекува уште церумен и претставува секрет од организмот, кој цели да го заштити ушниот канал од инфекции и бактерии. Се произведува во надворешниот ушен канал, во кој кожата е опремена со жлезди кои лачат ушна маст. Малку луѓе знаат дека всушност постојат два типа ушна маст.
Во зависност од гените кои човек ги носи, таа може да биде жолто-кафеава и влажна или сува и бела. Утврдено е дека луѓето кои потекнуваат од регионите на североисточна Азија се наследници на сувиот вид, а другите – на мокриот.
Премногу грижа за хигиената на ушите или пак целокупниот недостаток на истата може да доведе до проблеми со слухот. Ако ушната маст се натрупа и се зацврсти до толку што не се чисти со помош на памучно тампонче, тогаш може да дојде до затнување на увото или тинитус. Ненавремено преземените мерки можат да доведат до губење на слухот.
Основната функција на ушната маст е да јаа задржува нечистотијата од надворешниот свет и да спречи развој на бактерии во увото. Микрочестиците, правот од воздухот и други слични можат да го оштетат тапанчето, ако ушната маст не ги запре. Освен тоа, во ушната маст се содржат супстанции кои се справуваат со инфекции во рана фаза.
Ушната маст има и хидратантна функција. Таа ја прави кожата во увото помека и влажна, што спречува чешање и сушење.
Малку луѓе сфаќаат дека ушната маст всушност донекаде се чисти. Иако таа секогаш постои во увото, поголемите наслаги обично се мијат при редовно капење. Кога џвакаме за време на оброк, исто така се вади ушна маст надвор.
Сепак хигиенските навики бараат и човечка интервенција. Никогаш не навлегувајте навнатре со тампончето за уши, бидејќи може да го оштетите тапанчето. Освен тоа не е добро да ги чистите ушите секој ден, бидејќи така го лишувате увото од ушна маст и го изложувате на опасност од развој на инфекции.
Имајте на ум дека како што потењето се зголемува со зголемувањето на стресот во секојдневниот живот, така е и со ушната маст.
