Холестеролот лесно се апсорбира од тенкото црево, во чија слузница се соединува со хиломикроните, со кои оди во крвотокот.
Храната збогатена со растителни влакна, ја спречува ентерохапатичната рециклација на холестеролот, а со тоа го поттикнува црниот дробна повторна синтеза на жолчната киселина од холестеролската содржина на крвта. Оттука доаѓа благотворното дејство на храната богата со специјално растворливи растителни влакна од овес, јаболко, круша, семе од псилиум, морски алги, луцерка итн., и на природните додатоци на исхраната изработени од овие растенија.
Кога ќелиите чистачи ќе се преполнат со холестерол, преминуваат во таканаречени “пенливи ќелии” и тоа е почетокот на настанување на амортизираниот процес, односно, артериосклероза. Сепак, внесувањето на големи количини холестерол, наспроти намалените ендогени синтези, дејствува штетно врз здравјето, бидејќи предизвикува или ја влошува веќе постоечката хиперхолестеролемија.
Отсекогаш исхраната не само кај обичните луѓе, туку особено кај спортистите кои се занимавеле со било кој спорт или спортска игра, правилната и редовната исхрана, терминот на оброците во текот на денот, а особено начинот
на исхраната биле основен дел за одржување на редовните тренажни процеси за консумирање на потребните витамини,
минерали, протеини и другите есенцијални прехранбени производи, а особено за постигнување на врвни спортски резултати.
Ова не само од теоретска гледна точка, туку и од практична, бидејќи цели педесет години работев, тренирав и се натпреварував во спортските игри.
Здраво тело
