Мажите често им поклонуваат цвеќиња на своите поубави половини. Меѓутоа, изборот на цвеќе може да ви открие што поточно сакал да каже. Во продолжение прочитајте што кое цвеќе значи.
Доколку ви поклонил лаванда ви покажува лојалност и доверба.
Љубичицата покажува скромност и лојалност.
Јасминот открива среќа, радост и разиграност.
Магнолијата ја покажува неговата љубов и природа.
Божурот значи богатство, среќа и чесност.
Лиљанот значи чистота, елеганција и благородни желби.
Хибискусот е ретка и префинета убавина.
Мимозите претставуваат чувствителност.
Ружите, љубов, страст и романтика.