Motherhood

Што се случува со мажите кога ќе видат женски солзи?

Повеќето мажи се слаби на женските солзи но останува прашањето зошто тие предизвикуваат поинакво однесување кај мажите. Од сожалување или пак нешто друго? Дознајте во продолжение…

Погледот на жена која плаче, не предизвикува страст кај мажите и не само поради емоциите, туку и поради хемиската реакција на солзите поради која жените не изгледаат привлечно.

Иако мажите тоа не го разбираат свесно, но погледот на женските солзи ја гаси возбудата кај мажите и ја буди тагата кај нив.  Истражувањето опфатило 20 мажи и 20 жени.  Една групаод жените навистина плачеле, а на другите им била ставена солена вода. И покрај тоа што мажите не знаеле за лажните солзи, тие реагирале само на оние вистинските. Во друштво на такви жени, во нивното тело се намалува нивото на тестостерот и ја снемува возбудата.

Поради намаленото ниво на тестостерон кај мажите кога ќевидат женски солзи тие се понежни кон жените, бидејќи во таквите моменти тоа и е потребно на секоја жена. Накратко, вистинските женски солзи, ја намалуваат возбудата кај мажите, но не и сочувството.

Напиши коментар