Мојата кујна

Штрудла со тиква

Потребни состојки:

  • 500 гр свежа тиква
  • 500 гр тенки кори
  • 6 лажици шеќер
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1-2 кесички цимет
  • 50 мл растопен путер
  • 50 гр шеќер во прав

Тиквата ставете ја во поголем сад и додадете 5 лажици шеќер, цимет и ванилин шеќер. Измешајте за да се соединат шеќерот и циметот рамномерно.

Во плитка тепсија измерете и ставете хартија за печење или намачкајте ја со путер за да не се залепи штрудлата.

Земете 3 кори и на горниот дел ставете од филот по слободна проценка или околу 4 лажици. Свиткајте ги корите и ставете ги во садот за печење.

Во мал сад изматете неколку лажици путер и лажица шеќер со која ќе ги премачкате ивиците на корите. Со истата смеса премачкајте ја горната страна од сите свиткани и филувани кори.

Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ја штрудлата да се пече. Печете околу 30 минути додека штрудлата не довие златно жолта боја.

Пред сервирање исечете на коцки и посипете ја со шеќер во прав.

Write A Comment