Спорт

Шумахер постепено ќе го будат од кома

Михаел Шумахер позитивно реагирал на последните тестови и докторите во Гренобл планираат постепено да го разбудат од кома.

Францускиот L’Ekip пренесува дека поранешниот седумклратен шампион на Формула 1 по еден месец ќе биде разбуден од кома, иако докторот од болницата Сабин кем одбила да коментира. Тоа е прва доба вест за ситуацијата на Шумахер после еден месец поминат во кома, по несреќата од скијање кога ја повреди главата.

Меѓутоа, Шумахер е редок случај според зборовите на бројни експерти, бидејќи во повеќето слични ситуации личноста се буди од кома во рок од две недели. Многу неврохирурзи се сомневаат дека Шумахер ќе биде истиот како и пред несреќата.

Write A Comment