Здраво тело

Сигурно не сте знаеле дека бакнежот ги зајакнува забите!

Знаеме дека бакнувањето со саканата личност е убаво чувство. Но и дека има толку здравствени бенефиции, е тоа не сме го знаеле. Бакнувањето е добро за забите и го зајакнува имунитетот, а ги намалува симптомите на алергија и стрес.

Бакнувањето е добро за забите

Сте слушнале за таканаречениот влажен бакнеж? Тој го поттикнува производството на плунка која од забите ги елиминира штетните бактерии”, вели стоматологот Метју Месина.

Согорува калории

Не е баш како одење во теретана, но сепак ги согорува. Со бакнеж може да се решите меѓу 2-6 калории во минута. Целиот спектар на мускулите на лицето се активира за време на бакнувањето па само со неколку минути на ден ќе имате значително подобар изглед на образите и лицето.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Не може да се негира дека кај бакнувањето доаѓа до размена на бактерии. Едни се особено опасни за бремени жени, но истражувачите веруваат дека кога жената преку бакнеж ќе го добие тој вирус пред да зачне, се развива отпорност и тогаш тој вирус не се пренесува на детето.

Го намалува стресот

Чувствотона релаксација во текот на бакнежот не е само во вашата глава. Една студија спроведена во 2009. година утврдила дека и кај мажите и кај жените нивото на кортизол – хормон за стрес, значително опаѓа.

Ги ублажува симптомите на алергија

Истражувањето спроведено во Јапонија покажло дека паровите кои се бакнувале 30 минути имале пониско ниво на протеини кои предизвикуваат кивање и шмркање.

Напиши коментар