Џеј Зи и Бијонсе се најбогатиот пар во светот, со вкупна вредност која изнесува околу милијарди долари…
Со самото тоа, фактот дека овој пар размислува за купување на еден од најскапите имоти во Лос Анџелес не е изненадувачки. Имотот на Беверли Хилс кој можеби ќе биде дел од нивна сопственост е навистина погоден за еден од најпознатите и најбогатите парови во шоу бизинсот.
Има 2.300 метри квадратни чист луксуз и претставува вистинско ремек дело на архитектурата со прекрасен ентериер и најмодерни погодности. Освен фантастичен базен, оваа вила има и добро опремена игрлана, бар, гурманска кујна, како и гаража за колекционерите на автомобили. Сопстевениците на овој прекрасен имот секако ќе уживаат во погледот на Лос Анџелес од својот совршено изграден дом.
























