Sweet Home

Сладок мал апартман

Иако со мали димензии, станот кој ќе ви го претставиме во оваа статија има многу шармантен ентериер. Тоа што го прави ова живеалиште толку посебно е идеално проектираниот ентериер. Со оглед на димензиите на домот тој би требало да изсгледа пренатрупан и мал но тоа не е така.

Станот е со отворен план и вклучува секојдневна зона со софа и маса за кафе и подигната градба во форма на кутија во аголот каде што е креветот. Под креветот има многу простор за складирање. Кујната се наоѓа на другиот крај на собата. Таа е со отворен план и има многу интересен и стилски дизајн.

 

Напиши коментар