← НАЗАД НА БОЗА

Сладолед од диња

Сладолед од диња
521 Читања

Подгответе го овој брз десерт од вкусна диња и уживајте во освежувањето во топлите денови.

Состојки: 300 мл слатка павлака, 175 гр шеќер, 1 зрела диња, сок од лимон

1. Во сад измешајте шеќер и слатка павлака. Ставете да зоврие и мешајте додека шеќерот не се стопи, па тргнете од оган.

2. Отстранете ја кората од дињата, исчистете од семки и исецкајте на ситни парчиња, ставете во блендер заедно со сок од лимон и пасирајте додека не добиете изедначена смеса. Додадете ја смесата од слатка павлака и шеќер, и матете уште малку во блендер.

3. Смесата ставете ја во сад и оставете да отстои во замрзнувач преку ноќта. Служете со малини, бидејќи нивниот освежуваќки вкус одлично оди со деликатниот вкус на дињата.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk