Prison brake

Слатка смрт: Овие мажјаци умираат во младоста од претеран секс!

Австралиските научници откриле нов вид на торбари слични на глувците, чии мажјаци умираат пред на наполнат една година поради стрес предизвикан од претерано парење. Тие се препознатливи по долгата црна опашка и темнопортокаловото крзно, а пронајдени се на влажни подрачја во Квинсленд и Нов Јужен Велс.

Научниците биле изненадени кога откриле дека кај овој вид, кога мажјакот ќе наполни 11 месеци, настапува двонеделна сезона на парење. Средбата со една женка трае од 12 до 14 часа, а такви средби има многу, и се повторуваат со многу мали паузи.

“Се случува вистинско лудио. Нема никакво удварање, мажјаците скокаат на женките и сите се однесуваат многу промискуитетно”, вели доктор Ендрју Бејкер од факултеот за технологија во Квинсленд.

Ова, се разбира, се одразува на организмот на мажјакот, кој поради производство на огромна количина на хормони и физички напор, толку многу се исцрпува што бргу и умира. Доколку сепак мислите дека тоа е прилично убава смрт, не сте во право.

Од исцрпеност и претерана работа на жлездите, имунитетот на мажјакот престанува да функционира. На крајот му опаѓа крзното и телото буквално му се распаѓа и умира од внатрешно крварење или инфекција.

 

Write A Comment