Ако сте во потрага по едноставен, а вкусен десерт, оваа банана “торта” е вистинкото нешто за вас!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250 гр бисквити по избор
* 2 пакетчиња пудинг од ванила
* 4 банани
* 2 шољи ладно млеко
* 150гр шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сварете го пудингот со млеко. Кога пудингот ќе биде пред крај додадете половина изматен шлаг, и мешајте се додека смесата не се изедначи.
Дното на чинијата обложете го со бисквити. Следниот слој ќе биде бананата исечена на кругови. Одозгора доажа смесата од пудинг и шлаг, а на крајот и слој шлаг. Повторувајте го ова се додека имате состојки, а последниот слој нека ви биде шлаг. Украсете со кругчиња од банана. Наросете малку кокос и рендано чоколадо!
Совет: Количината на состојките можете произволно да ја менувате, во зависност од тоа каков вкус и која големина од тортата сакате!