МАСКА СО КАМИЛИЦА И ЗЕЛЕНА ГЛИНА е погодна за сите типови на кожа.
Состојки:
2 лажици зелена глина
2 лажици оризов скроб
Чај од камилица
Измешајте ја глината и скробот во мала чинија. Одвоено направете појак чај од камилица. Кога чајот ќе се олади постепено додавајте го додека не добие кремаста конзистенција. Маската нанесете ја лицето и оставете да се исуши. Дури тогаш можете да ја одстраните и да го измиете лицето со малку вода.
Својства:
Глината го апсорбира вишокот на маснотии, скробот од ориз ја смирува и ја освежува кожата. Камилицата ја омекнува кожата и смирува од иритација и црвенило.
МАСКА ЗА ЛИЦЕ ОД ЦЕЛЕР
Состојки:
1 стебло целер
Брашно по потреба
Грубо исецкајте го целерот и додадете половина мерка во сад со врела вода. Откако ќе се оладат измешајте ги со миксер. Исцетедете ја оваа течност за да се ослободите од остатоците на грањчињата од целерот, потоа смесата ставете ја во сад и додадете малку брашно. Нанесете на лицето, па по 10-15 минути измијте со млака вода.
Својства:
Целерот има својства кои ја навлажнуваат кожата и делува како тоник.