Здраво тело

Со дебелината до срцев удар!

Сигурно веќе сте слушнале дека една од причините за зголемениот ризик од срцев инфаркт кај подебелите личности, е таа што овие луѓе се подложни и на други ризични болести, како што е дијабетесот, високиот холестерол и високиот крвен притисок.

Истражувачите на Лејден Универзитетот во Холандија направиле тестирања на дебели лица со дијабетес, подложени на диета. Софистицираните тестови, како што е магнетната резонанца и биохемиските студии, исто така покажаа, дека нивниот организам, подобро управува со нивото на шеќер во крвта, и дека се забележале благопријатни ефекти за клетките на срцевиот мускул. Така што е утврдено дека со намалувањето на калориите, се активира ензимот, кој ги спречува мастите да се таложат во срцевите клетки.

Исто така во истражувањата е утврдено, дека веројатноста за преживување на срцев инфаркт кај дебелите луѓе, е поголема, ако истиот им се случил на помлада возраст, кога луѓето во принцип се поиздржливи.

 

 

Напиши коментар