Негата на лицето е еден од приоритетите на секоја жена. Често посегнуваме по шминка со цел да ги прекриеме неправилностите на лицето или потечените очи. Меѓутоа, постојат многу поедноставни и ефектни начини вашата кожа да изгледа убаво, негувано, но и здраво.
Сварете чај од камилица. Оставете го да се излади, а потоа ставете го во сад за мраз и ставете го во замрзнувач.
Секое утро земајте по две коцки од замрзнатиот чај и нежно со нив масирајте го лицето. Почнете од подрачјето околу очите, па нежно поминете на јагодиците, потоа на брадата, а на крајот измасирајте го и челото.
Ладното во комбинација со флавониодите во чајот, ќе ви помогне да се намали отокот или било какво воспаление.
Кожата ќе стане затегната и “потхранета”. Едноставно ќе заблеска.