Дискриминацијата на жените и понатаму е присутна во сите сегменти на вработувањата, покажало истражувањето на Проект 28-40 кои се залагаат за рамноправност на половите. Како за почеток, стравот од губењето на работата откако ќе забременат го осеќаат повеќето од жените, а преку половина од нив имаат и доживеано некоја врста на злоставување на работното место.
Истражувањето е спроведено на преку 25 илјади вработени жени од кои 52 проценти изјавиле дека барем еднаш во животот биле лично дискриминирани на работното место. Нешто помалку од 20 проценти на испитаниците верувале дека не се унапредени поради тоа што се жени, а секоја десетта признала и сексуално злоставување.
Во сето ова, четвртина од нив се преоптоварени со работата и често доживува непоштени критики, а пак петтина е неколку пати во кариерата била исклучена од важни проекти поради својот пол, додека повеќето од оние кои биле бклучени во такви проекти биле маргинизирани.
Заклучокот на истражувањето е дека дискриминацијата на жените во текот на работата секако е присутна и понатаму, а добар дел од проблемите опстојуваат поради кризата на господарството во кое мажите сметаат дека само тие се доволно силни да пронајдат решение за излез од кризните моменти.