Сојата и производите од соја се природно богати со калциум. Дополнително сојата содржи и магнезиум и бор, кои се важни кофактори на калциумот, потребен за здравјето на коските.
Изофлавоноидите присутни во сојата, можат да ја намалат кршливоста на коските. Една од овие состојќи е даидзеинот, кој структурно е многу сличен со иприфлавонот, лек за третман на остеопорозата.
Истражувањата покажале дека кај група жени кои консумираат по 40 гр. Дневно протеини од соја, во текот на 6 месеци, дошло до значително зголемување на минералната густина на коските.
Докажано е дека редовниот внес на соја го намалува ризикот од фрактура на коските, особено кај жените во пост менопауза.
Здраво тело
